24.8 C
Скопје
17:06 - 1 октомври, 2026

ВИДЕО: Колач од компот од праски кој постојано кружи на интернет – Само 4 состојки за наједноставниот и највкусен десерт!

Овој рецепт подготвен од зимскиот компот од праски масовно се споделува на социјалните мрежи и има неверојатен број на прегледи…

Доколку сакате да го вкусите и вие, за таа цел ќе ви бидат потребни следниве состојки:

2 конзерви компот од праски од околу 500 грама (можете да користите и домашен компот)
1 кутија мешавина за подготовка на пандишпан од 400 грама
110 грама путер
сладолед од ванила

Фото: Инстаграм

Во огноотпорен сад ставете го компотот од праски заедно со течноста. Наместо од праски, можете да користите и компот од ананас.

Врз компотот истурете ја мешавината за подготовка на пандишпан или тесто и рамномерно распоредете ја. Можете да ја набавите во сите подобро снабдени маркети во одделот за подготовка на десерти.

Врз сето тоа исецкајте го путерот на кришки и распоредете го рамномерно.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.

Десертот послужете го топол, а врз него ставете една топка сладолед од ванила.

Уживајте!

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....