17.5 C
Скопје
01:44 - 10 јули, 2026

Велигденска чоколадна торта

Состојки:
За пандишпан:

4 јајца
200 грама шеќер
1 ванилин шеќер
150 милилитри масло за јадење
100 грама брашно
50 грама какао
1 прашок за печиво

За фил:

500 милилитри слатка павлака
400 грама чоколадо за готвење
200 грама млечна чоколада

Подготовка:

Сите суви состојки кои ви се потребни за подготовка на овој празничен десерт измешајте ги во посебен сад и тргнете ги настрана. Во друг подлабок сад убаво изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете сѐ додека не добиете цврста пена, а потоа додајте го маслото за јадење, ванилиниот шеќер и измешајте со лажица. На крај додајте ги и претходно измешаните суви состојки, измешајте со помош на дрвена лажица и добиеното тесто ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 150 степени околу половина час.

Кога ќе се испече тестото, оставете го да се излади околу половина час, а потоа почнете со подготовката на чоколадниот крем.

Во тенџере на оган ставете ја павлаката да се загрее заедно со искршената чоколада и загревајте го кремот додека чоколадата се стопи. Добиениот чоколаден крем истурете го врз бисквитот.

На крај декорирајте по ваша желба. Можете одозгора да ставите чоколадни зајчиња, чоколадни јајца или да направите гнездо во чија средина ќе додадете чоколадни пиленца.

Слични објави

Фрапучино со сладолед – идеален пијалак за летните горештини

Еспресо

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.

Не е фотомонтажа ни ВИ – ова дрво навистина ѝ пркоси на гравитацијата и ги збунува посетителите на „златниот остров“ во Јадранското Море

Т.Ц.

Слатки уживања: Три едноставни рецепти со вишни што ќе ги обожавате

Т.Ц.

Идеално освежување за жешките денови – домашен леден чај кој можете да си го прилагодите според вкусот

Т.Ц.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.
Се вчитува....