27.8 C
Скопје
11:18 - 10 септември, 2026

Сладолед од праски – за разладување во најжешките денови

Состојки:
500 милилитри слатка павлака
500 грама праски
150 грама шеќер

Подготовка:
Пред да почнете со подготовката на сладоледот од праски, убаво измијте ги и излупете ги праските. Потоа исечкајте ги на мали парчиња и ставете ги во мало тенџере. Во истиот сад додајте малку вода и оставете ги праските кратко да се варат. Кога овошјето ќе омекне, исцедете ја водата и убаво измиксирајте ги со рачен блендер.
Добиената смеса од праски, префрлете ја во друго тенџере и во него додајте го шеќерот. Загрејте ги состојките и мешајте додека убаво не се соединат, а шеќерот комплетно не се стопи.
Вака подготвената смеса тргнете ја настрана и оставете ја да се излади.
Во друг сад изматете ја слатката павлака, а потоа соединете ја со смесата од праски и шеќер. Убаво изматете. Добиениот сладолед од праски, оставете го да се излади најмалку 3 часа пред да го послужите.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....