07:26 - 14 септември, 2026

Посни марципан-колачи со ореви (РЕЦЕПТ)

Прекрасни посни колачи со извонреден вкус. Вашите гости нема да ви веруваат дека не содржат ниту млеко, ниту јајца.

Потребни состојки:

100 мл вода
350 гр шеќер
160 гр мелени ореви
160 гр бисквити
150 гр маргарин
Екстракт од рум

Глазура:

250 гр шеќер во прав
4 лажици топла вода
Една лажица масло
Една лажица сок од лимон

Подготовка:

Во тенџере ставете ги водата и шеќерот и откако ќе проврие, ставете го маргаринот. Оревите и бисквитите измелете ги, измешајте ги и ставете ги во тенџерето. Додадете неколку капки екстракт од рум.

Добро измешајте ја смесата и нанесете ја во тава обложена со хартија за печење. Оставете да се излади два часа.

Во друг сад измешајте ги состојките за глазура. Смесата ставете ја врз колачот. Оставете еден ден да се спојат сите состојки и потоа исечете на парчиња и послужете.

По желба, наместо со шеќерна глазура, може да прелиете со стопено темно чоколадо.

Слични објави

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.
Се вчитува....