9.8 C
Скопје
21:52 - 18 октомври, 2026

Најмекиот колач што некогаш сте го пробале! Облачиња со кокос и џем по ваш избор!

Состојки:
  • 500 мл млеко
  • 50 г шеќер
  • прстофат сол
  • прстофат ванилин шеќер
  • 60 г пченкарен скроб
  • 3 лажици од вашиот омилен џем или шумско овошје
  • кокос за валање
Приготвување:

Млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и скробот сипете ги во тенџере и загрејте ги на ниска температура. Загревајте додека смесата не се згусне  со непрестајно мешање за да не загори. Кога убаво ќе згусне, тргнете ја од оган. Ќе добиете смеса густа како павлака.

Потоа додајте го џемот или шумското овошје и внимателно промешајте за да ви остане интересна шара.  Смесата префрлете ја во калап или плех обложен со хартија за печење, покријте ја со пластична фолија и ставете ја во замрзнувач 3-4 часа.

Потоа, извадете ја на дрвена штица и исечете ја на коцки. Извалајте ја секоја коцка во кокос и послужете.

 

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....