17.8 C
Скопје
19:03 - 30 септември, 2026

Гурмански викенд: Кето плескавици, ручек што не дебелее

За викенд сакате да се почестите со еден голем вкусен бурер, но сепак не сакате да претерате со калориите. Сепак за да ја исполниме вашата желба креиравме неодоливи кето – плескавици кои се совршени за целото семејство.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо по ваш избор (она што обично го користите)
  • 1 мал кромид
  • 1 цело јајце
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка бибер
  • 1 лажичка сушен лист од магдонос
  • лажичка лук во гранули или во прав
  • 1 лажица брашно од ленено семе (кокосово, бадемово)

Подготовка:

Исечете го кромидот, додајте го месото, зачините и брашното, па сѐ добро со рака измешајте. Оставете малку да отстои и потоа обликувајте ги плескавиците. Добивате девет парчиња со големина на дланка. Наредете ги плескавиците на голем плех во кој сте ставиле хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Секоја плескавица попрскајте со неколку капки маслиново масло. Печете ги плескавиците помеѓу 50 минути и еден час, во зависност од тоа колку печени ги сакате. На почетокот ќе пуштаат вода, а потоа убаво ќе се печат.

Потоа само тргнете ги од хартијата и послужете.

Добар апетит!

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....