15:32 - 13 ноември, 2026

(Видео) Лејди Мармалејд: Британците „полудеа“ по видеото со кралицата и мечето Падингтон со што започна јубилејниот концерт

Изненадувачки, кралицата Елизабета Втора го отвори платинестиот јубилеен концерт појавувајќи се на видео со Мечката Падингтон, саканиот лик од англиската литература за деца создаден од Мајкл Бонд.

Клипот беше направен пред неколку месеци од Би-Би-Си и беше емитуван на изненадување вчеравечер, како дел од прославата за 70-годишното владеење на кралицата.

Во секвенцата, Падингтон го нуди својот препознатлив сендвич со џем, но кралицата одбива, велејќи дека има веќе подготвен во нејзината црна чанта, за секој случај.

Набргу потоа, батлер ја известува кралицата дека се е подготвено надвор за прославата на платинестиот јубилеј, додека толпата надвор експлодира во славење. „Среќен јубилеј госпоѓо. И благодариме. За сè”, вели Мечката Падингтон. Нејзиното височество одговара со насмевка: „Многу сте љубезни“.

Потоа, двајцата чукаат на порцеланот во ритамот на извиците на публиката, користејќи ги сребрените лажички за чај. Во позадина се слуша ритамот на песната на Квин „We Will Rock You“, која го отвори јубилејниот концерт пред Бакингемската палата.

И тогаш навистина започнува концертот во чест на кралицата. На настанот присуствуваа 22.000 луѓе, додека други, милиони луѓе, останаа пред телевизорите за да го следат директниот пренос на Би-би-си. Меѓу другите настапија Род Стјуарт, Дијана Рос, Андреа Бочели, Ханс Цимер, Џорџ Езра и Сем Рајдер.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....