33.1 C
Скопје
18:47 - 20 август, 2026

Го имаме рецептот: Вака се подготвуваат познатите сараевски ќебапи!

Сараевските ќебапи се познат специјалитет во чие совршенство од вкусови уживаат како жителите на Босна и Херцеговина, така и бројните туристи.

Долги се од 4 до 12 сантиметри, а се служат во лепче, односно во сомун. По желба, можете да го прелиете лепчето со посебен месен сок кој дава единствена арома.

 

View this post on Instagram

 

#cevapi #cevapcici #bascarsija #bascarsijasarajevo #bosnia #cevabdzinicaspecijal #food #traditionalfood ??

A post shared by Ćevabdžinica Specijal (@cevabdzinica_specijal) on

Приготвување на ќебапите:

– Исечкајте го месото на ситни парчиња, па измелете го два пати.

– Исечкајте лук, така што ќе излезе сокот, па измешајте го со месото.

– Додајте зачини, кајмак и минерална вода.

– Добро измешајте ја смесата, па оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер.

– Обликувајте ги ќебапите со рака, на должина помеѓу 4 и 12 сантиметри.

– Пржете ги на скара, а на крај, прелејте ги со месен сок.

Задолжителни прилози:

– лепче или сомун

– ситно исечкан кромид

– кајмак

Иако има повеќе рецепти за приготвување месни сокови, ние ви го предлагаме испробаниот.

Приготвување на сосот:

– Ставете зачини во сад, а потоа додајте малку масло

– Врз тоа сипете бујон и вода, па оставете да зоврие.

Совет за месниот сок:

– Ставете половина говедска коцка за супа во 2 децилитри вода и загрејте ја во микробранова на 500 W 1-2 минути.

Слични објави

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо
Се вчитува....