20.8 C
Скопје
13:21 - 21 октомври, 2026

Дали би пробале „мувлосан“ сладолед?

Една брачна двојка од Глазгов, Шкотска, лута на своите наемодавци, нашла начин како да им се одмазди за негрижата за станот кој го издаваат.


Имено уметницата Лева Григелионит и нејзиниот сопруг Хари Шони, почнале да произведуваат сладоледи со невкусни имиња како „црна мувла“, „протечен покрив“ и „влажни ѕидови“ и истите решиле да ги продаваат пред агенцијата на агентот кој им го издал станот.


Парот истакнал дека газдата на станот одбивал да се погрижи за основните поправки во станот, кој нема нормални услови за живот. Лева за декорација на сладоледите користела активен јаглен, орео-трошки, сино сирење и друго, за да ги направи што поавтентични со условите во станот во кој живеат со сопругот.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....