14.8 C
Скопје
21:20 - 20 ноември, 2024

(Фото сторија) Македонски пресладок двор во Германија: Валерија ни покажа како да се уреди мал простор

Валерија Атанасовска е Македонка со адреса на живеење во Германија. 

Семејството Атанасовски живее во живописното германско село Доквајлер, на три километри од градот Даун.

Валерија по професија е конфекционерка, но не работи на струката.

– Работам во Дом за стари лица во Германија. А за одгледување и средување на нашиот двор се грижиме јас и мојот сопруг. Дворот е многу мал, ама секогаш е среден, со многу цвеќиња -ни одгвара Валерија.

Навистина, изобилство од прекрасни цвеќиња на мал простор, од трендафили, сардели, бегонии до каранфили…

– Секогаш е убаво кога си размануваме градинарски совети – согласна е Валерија – така секогаш ќе научиш нешто ново – вели оваа дама со огромна љубов кон природата и растенијата.

Инаку, Валерија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

фото – приватна архива

Слични објави

Откриено идеално растение кое може да се засади во неплодната почва на Марс

Еспресо

(Фото) Убиец во саксија: зошто овие две цвеќиња НИКОГАШ не треба да се чуваат дома – а често се во македонските домови

Еспресо

(Фото сторија) Анета Ристевска ни ги отвори вратите на нејзиниот рај во Битола: „Цвеќето е како дете“

Ј.К.Д

(Фото) Дворчето на Саве е атракција во Германија: „Ги сакам цвеќињата, ги сакам и луѓето“

Ј.К.Д

(Фото сторија) Цветен раскош во најстарата штипска населба: Ружа си го заслужи своето цветно име

Ј.К.Д

(Фото) Македонска страст во белгискиот двор на Весна Стојкоска: „Корените вечно ќе ги негувам, како што ги негувам и овие цвеќиња“

Ј.К.Д
Се вчитува....