17.8 C
Скопје
19:53 - 22 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува голем пад на температурите

– До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи нестабилно, и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а на некои места ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, а температурите и тоа особено од петок па натаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНСИКИ, и тоа поради влијанието на посвежата воздушна маса од север. Тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека најсвежо ќе биде во сабота кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

И во Скопје и околината до крајот на оваа недела ќе има поголеми услови за нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмеж и и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите, и тоа особено од петок па за време на викендот ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 28 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....