5.8 C
Скопје
03:44 - 19 октомври, 2026

Брзи чоколадни колачиња

Состојки:

200 грама бело чоколадо за готвење
200 грама бел крем
200 грама темно чоколадо за готвење
200 грама темен крем
500 грама сечкани ореви, бадеми и лешници
200 грама маргарин
масло за јадење

Подготовка:

За да го подготвите овој лесен десерт, потребни ќе ви бидат неколку силиконски калапчиња по ваш избор, кои ќе ги подмачкате убаво со масло за јадење, за на тој начин полесно да ги вадите колачињата.

Во два различни сада, одделно на пареа се топат двете смеси. Во едното тенџере на пареа ставете ги белото чоколадо, белиот крем и половината од потребното количество маргарин. Во второто тенџере ставете ги темното чоколадо и темниот крем, како и преостанатиот дел од маргаринот.
Мешајте неколку минути за сите состојки убаво да се соединат и да се стопат.

Потоа и двете тенџериња тргнете ги од пареата.

Во нив, еднакво додајте од претходно сечканите ореви, лешници и бадеми. Убаво измешајте. На крај, во секој калап додајте по малку од двете смеси, без притоа да ги мешате. На овој начин ќе добиете уникатни колачиња.

Откако ќе ги подготвите, ставете ги во фрижидер околу еден час за убаво да се стегнат.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....