11.8 C
Скопје
15:05 - 21 април, 2026

Ако сакате свежи зачини, но не знаете во кое јадење да ги користите, прочитајте во овој текст

Миризливите свежи зачини имаат способност на јадењето да му дадат нова димензија, бидејќи ќе го „оживеат“ со својата свежина и арома. Лесно се одгледуваат и за нив не ви треба градина, бидејќи можете да ги одгледате дома покрај прозорец, а постојат неколку зачини што мора да се најдат во сечиј дом.
Тврдите дрвенести зачини како рузмаринот и жалфијата се малку потврди и пожилави, а вкусот им е силен и не се препорачува да се јадат сурови. Тие обично се додаваат во јадењата при готвење.

Нежните меки зачини како босилек и нане не се толку силни, па можете да ги користите во свежа состојба, како украс на јадењата и во салатите, но и да ги додадете во варената храна.

Босилекот е мала зелена грмушка, растение за кое се вели дека ги одбива комарците, но не верувајте во тоа бидејќи и во него можете да ги најдете овие летечки напасници. Босилекот е основна состојка на еден од најпопуларните италијански ладни сосови, песто џеновезе, а неговиот ароматичен освежителен мирис, ретко кој не го сака. Тој е неизоставен дел од салатата капрезе, што значи дека е неодолив во комбинација со зрели домати и кремаста моцарела. Одлично се сложува со зеленчукот како тиквички, домати и пиперки, но и со морски плодови и јагоди. Не заборавајте да го додадете во сос од домати, бидејќи вкусот ќе биде незаменлив.

Ориганото е мек зачин што се однесува како тврдите. Бидејќи има силен вкус, одлично оди со црвено месо, лесно варен зеленчук, јадења со тесто и секако пица.

Мајоранот со изглед е многу сличен на ориганото и не е чудно што многумина ги мешаат. Но се разликуваат по вкус и арома, мајоранот е слаткаст, малку со лимонест мирис и има слатко-горчлив вкус, додека ориганото е многу поинтензивно. Одлично оди во комбинација со пилешко, коренест зеленчук, но и свинско.

Нането е многу издржлива билка, која ќе преживее на летни горештини, но и на зимски студ. Свежите ливчиња нане се одличен додаток на овошните салати и секако на коктелите, како мохито. Но, нането совршено ќе се спои со јагнешко и јунешко, а на грашокот ќе му даде сосема нова димензија. Кремастата супа од грашок со нане е јадење во кое ќе се вљубите само што ќе го пробате.

Рузмаринот како мајчината душичка спаѓа во тврди зачини, но неговите листови се вадат од стебленцето и се користат во јадењата што подолго се готват. Обично се користи со печено месо, но одлично се сложува и со печени компири. Неизоставен дел е на фокачата, фина италијанска погача со маслиново масло, а се користи и во сосови со црвено месо, како и риба на скара.

Мајчината душичка има тенки гранчиња и ситни миризливи листови. Како рузмаринот е популарен зачин во сосови, а одличен додаток е на печено месо и зеленчук, па и во разни варива. Совршено се сложува со јадења во кои има сирење, но бидејќи има прилично силен мирис, не претерувајте со количината.

Жалфијата е уште еден тврд зачин што може да ги преживее сите временски околности, а многу е ароматична. Добро се комбинира со свинско, а неколку листови жалфија препржени на путер ќе бидат совршен додаток во тестенини и њоки.

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо
Се вчитува....