20:09 - 27 ноември, 2026

Во автомобилот на Дугина биле ставени околу 400 гр ТНТ 

Експлозивната направа поставена во автомобилот на новинарката Дарја Дугина и ќерка на Александар Дугин, филоф познат како „мозокот на Путин, содржела околу 400 гр ТНТ (Тринитротолуен), пренесува руската новинска агенција Тасс повикувајќи се на агенциите за спроведување на законот.

Во моментов неколку делови од експлозивната направа се испратени на вештачење.

Претходно беше соопштено дека автомобилот на Дугина бил евакуиран од местото на трагедијата. По експлозијата џипот со кој управувал сега починаата Дарја Дугина, целосно изгорел. Истражителите откриле дека експлозивната направа била поставена на возачката страна под дното на автомобилот, известуваат руските медиуми.

Да потсетиме дека автомобилот во кој патувала Дарја Дугина експлодирал ноќта на 21 август во московскиот регион. По инцидентот, отворена е кривична постапка. Одделот смета дека убиството било нарачано.

„Трагедијата се случи пред очите на мојот татко“: Што се знае за експлозијата на автомобилот на Дарја Дугина, ќерката на „мозокот на Путин“

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....