24.8 C
Скопје
10:12 - 9 септември, 2026

Внуката на кралицата Елизабета живее во сенка на познатите роднини, а веројатно нема да погодите каде работи

Внуката на британската кралица Елизабета Втора, 18-годишната Лејди Луиз Виндзор, летово се вработила во градинарски центар каде што работи неколку дена во неделата за минимална плата, пишува Дејли Мејл.

Ќерката на принцот Едвард и војводката Софи од Весекс, заработува 6,63 фунти на час, иако живее во замок од 30 милиони фунти во Багшот Парк, во округот Сари и воопшто не мора да работи.

Луиз оваа година завршила средно училиште со врвни оценки и се запишала на Универзитетот во Сент Ендрјус, потврдија од Бакингемската палата. Таа ќе студира англиски јазик на истиот колеџ каде што се запознале Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Локацијата на градинарскиот центар каде што работи не е откриена, но познато е дека таа работи на каса, им помага на клиентите и сади растенија.

Неколку муштерии кои ја препознале контактирале со британските медиуми.

„Знаев дека трошоците за живот се навистина високи во кризата, но никогаш не мислев дека ќе ја видам внуката на кралицата како работи во градинарски центар“, се пошегува еден купувач за The Sun, додека друг рече: „Персоналот ја обожава. Не се случува секој ден да купуваме бегонии од член на кралското семејство“. Останатите ја пофалиле дека е скромна, приспособлива и учтива и дека се однесува како нормална тинејџерка.

Луиз нормално е многу блиска со нејзината баба, кралицата и имала клучна улога на неодамнешната прослава на нејзиниот платинест јубилеј, пред да се појави на познатиот балкон на Бакингемската палата со остатокот од кралското семејство.

Таа има и помлад брат, Џејмс, кој има 14 години, а двајцата се во сенка на нивните многу попознати братучеди, принцовите Луис и Џорџ и принцезата Шарлот.

Слични објави

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо
Се вчитува....