21:13 - 8 ноември, 2026

Викторија Бекам почна да шие облека за полнички жени, начин да излезе од долговите

Бројни критики пристигнаа на адреса на Викторија Бекам, која за да ја извади фирмата од долгови, се префрли на колекција „плус сајз“ односно на големи броеви наменети за полнички девојки и жени.

Моделите сепак, ќе ја задржат високата цена.

Верувале или не, жената која опсесивно внимава да не зголеми ни грамче, лансираше линија за полнички жени.

Облеката со големи броеви се појави на веб-страницата на брендот Викторија Бекам. Некои модели (фустан, кроп топ и комплет со миди здолниште) веќе се достапни во продажба.

Ова не значи дека обожавателите на ѕвездата беа многу изненадени. Неодамна, Бекам во едно интервју раскажа дека нејзината идеја за убавината на женското тело се променила, дека денес им се восхитува на жените со форми кои знаат да се претстават и да „ги носат“ килограмите и облините.

– Конечно, Викторија скокна во овој воз. Прекрасно е, таа е многу горда на својата нова колекција. Ова ќе привлече нови клиенти кои се подготвени да ги купат нејзините производи. Да се ​​разбереме, таа малку доцни, но на крајот, тука е – вели извор близок на дизајнерката за „Мирор“.

Да потсетиме, брендот за облека на Викторија Бекам има долг од над 65 милиони долари. Според објавените податоци, поради ефектите од пандемијата, вкупниот приход на Викторија Бекам Холдингс паднал за 6%, од 46 милиони долари на 43 милиони долари. Приходите на групата не ги покриваат трошоците.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....