14.8 C
Скопје
19:52 - 26 април, 2024

(ФОТО+РЕЦЕПТ) МЕЛЕМ ОД ВКУСОВИ: Андријана и Ана се кралици за здрави оброци, а со вас споделуваат и „бомба“ рецепт!

Две девојки, Андријана и Ана, одлучиле да се посветат на здравата храна, а нивната фитнес приказна започнува во „карантискиот“ период кога ја увиделе неминовноста на зачувување на здравјето. Бенифитите од здравиот начин на исхрана и живеење лично самите ги почувствувале. Заради тоа, Андријана и Ана, отишле чекор подалеку, па нивната успешна приказна ја споделуваат со останатите луѓе на кои им помагаат да имаат повеќе избор за здрав начин на исхрана, а да не губат голем дел од своето време во кујна. Така е родена „Мелем од вкусови“.

фото-приватна архива

На вашето мени се производи од македонско поднебје, од каде ги набавувате и кои производи доминираат?

– Целта ни е од самиот почеток да ги користиме производите кои ги користеле нашите предци и да ги комбинираме со зеленчук и овошје, како би добиле ем модерна ем здрава варијанта на оброк. Најчесто користени производи ни се просото, гравот, леќата, наутот, пченицата и овесот. Дел од производите ни се од директни домашни производители, а дел ни се од локални добавувачи.

Колку според вас, Македонците се освестени за здрав начин на живот, односно за конзумирање на здрави оброци?

– Искрено сметаме дека сè повеќе луѓето ја сфаќаат целисходноста на здравата исхрана, што за нас претставува успех. Најголем показател за тоа ни се зголемената побарувачка за неделните пакети со здрави оброци, како и зголемениот обем на работата во овој период од година и половина. Меѓутоа, сметаме дека сè уште треба да се работи пред сè во образованието на овој дел, како би се создале здрави навики за исхрана и физичка активност од најмала возраст. За поздравување се училиштата кои веќе го започнаа процесот со Зелени градини и веруваме дека ова ќе биде традиција на ниво на целата држава. А исто, на ниво на државата, да се регулира досапноста на здравата исхрана во училиштата и нивната околина.

Најбитно е намирниците да бидат свежи и квалитетни. Исто, потребно е пред сè многу љубов и желба за промена. Секој оброк што го подготвуваме секогаш е направен како за нас или за нашите најмили, тоа значи дека се вложуваме максимално да ги задоволиме барањата на сите наши клиенти кои се еден вид наше пошироко семејство. Често слушаме од нив дека и дома сами ги подготвуваат речиси истите оброци, ама нашите им биле повкусни. Можеби големо влијание има начинот на подготовка и позитивната атмосфера кај нас. За сите наши оброк-салати користиме строго ладно цедено маслиново масло или ладно цедено македонско сончогледово масло. А нешто што нè издвојува од сите за житните оброоци е што користиме кефир кој што ние го приготвуваме од млечна природна габа и природен мед.

Како пристапувате кон припремање на здрави оброци и кој е вашиот совет за домашна поготовка на правилно балансиран оброк?

– Наш совет за подготовка на правилно балансиран оброк е да се користат што повеќе свежи намирници – овошје и зеленчук во комбинација за варени мешунки, житарки и месо.

Би сакале ли да ни откриете еден здрав рецепт?

– Наш предлог за здрав појадок е Овошен Пробиотскиот Житен Оброк, кој и ни е еден од најпродаваните оброци.

За подготовка на овој оброк потребно е: 60 грама овесни снегулки, 120 гр домашен кефир , 10 грама афион, 10 грама сува кајсија, 10 грама мед, 10 грама сирови семки од тиква и 10 грама бадеми сирови, а на крај ставаме сезонско овошје по желба.

Сега, во овој период, може да се стави грозје, јаболко или круша. Сето ова може да се измеша во чинија и да се декорира со овошјето или може да се спреми од вечер во стаклен сад- тегла на нивоа каде најдолу би биле овесните снегулки со медот и кефирот измешани, па потоа – афионот, па овошјето, и најгоре семките од тиква и бадемите.

Егзотичен житен оброк, фото – приватна архива
фалафел врап, фото – приватна архива

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....