22:55 - 6 ноември, 2026

Што се случува со вашата кожа кога спиете со шминка

Независно од тоа која сума на пари ја трошите за квалитетни креми, серуми, лосиони, тоници за лице и сите возможни и невозможни препарати за лице, секој пат кога ќе заспиете со шминката на вас се враќате неколку чекори назад. Самите себе се познавате најдобро, па вие одлучете која метода најдобро ќе ве дисциплинира.

Секако, првиот чекор е да се соочите со вистинските последици и да дознаете што всушност се случува со вашата кожа доколку не ја отстраните шминката пред спиење.

Голем број „мејкап“ производи содржат состојки како силикон, што ги затвораат порите. Ако ја имате дури и најмалата склоност кон акни, затворањето на порите секако ќе предизвика и нивен развој, а во „најсреќниот“ случај кожата ќе стане само покрута.

Затворањето на порите исто така го спречува и отпуштањето на природниот серум, што освен акните, како последица може да предизвика и проширување на порите.

Прескокнувањето на вечерната нега на лицето исто така води и кон побрзо стареење на кожата, бидејќи шминката може да содржи прашина од околината и слободни радикалии кои ги оштетуваат клетките на кожата, вклучувајќи го и колагенот. Покрај тоа кожата може и повеќе да се суши, што ќе придонесе до нејзино стареење и произведување на нови, повидливи брчки.

Уште еден непосакуван ефект од оставање на шминката за време на спиење, што придонесува за безживотен и уморен изглед е нееднаквоста на тонот на кожата.

Исклучително важно е да се избрише шминката која ја нанесуваме околу очите, бидејќи освен тоа што може да предизвика различни инфекции, може да предизвика и почесто паѓање на трепките.

Во текот на спиењето се одвива најефикасното обновување на клетките на целото тело, па така и на нашиот најголем орган. Оставањето на шминката го спречува тој природен процес, каде што вашето тело за вас одредува работа која козметичките производи би требало само да ја надополнат, а не да ја уназадат.

Слични објави

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај децата – како да се идентификува и што да се преземе

Еспресо
Се вчитува....