7.8 C
Скопје
07:28 - 2 април, 2026

Ревитализирачка маска која ќе го освежи и затегне вашето лице

Оваа маска многу лесно се подготвува, прилично e евтина и одлично ја затегнува кожата, а сите состојки веројатно ги имате во вашиот дом….

За оваа маска ви е потребно:

– половина банана

– една до две лажици јогурт

– една лажица мед

Испасирајте ја бананата и додадете ги јогуртот и медот. Мешајте ја добиената смеса. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 15-20 минути за таа целосно да се исуши.

Потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа со ладна вода. Оваа маска им одговара на сите типови на кожа и можете да ја применувате секојдневно.

Напомена: Секогаш подготвувајте свежа маска, не користете залихи.

По 7 дена ќе забележите дека вашата кожа е многу помека и позатегната.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....