15:04 - 12 ноември, 2026

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

Натпреварот што го одлучуваше пласманот беше внимателно следен низ целиот регион, а славењето по победата се пренесе и на улиците, особено во Сараево.

Меѓу песните што се слушаа беа и оние од починатиот пејач Халид Бешлиќ.

По повод големиот успех се огласи и неговиот син Дино Бешлиќ, кој сподели лични впечатоци по бројните снимки од прославата.

Тој истакна дека првпат по смртта на татко му и поради тешката здравствена состојба на мајка му чувствува искрена радост, нагласувајќи дека неговиот татко би бил горд на репрезентацијата, имајќи предвид колку ја сакал Босна и Херцеговина.

Исто така им се заблагодари на играчите што, како што наведе, донеле радост кај народот.

„По смртта на тато во овие шест месеци и болеста на мајка ми, ова ми е прва радост. Знам дека тој би бил горд на вас, затоа што знам колку му значеше Босна и Херцеговина, која неизмерно ја сакаше. Ви благодарам, наша репрезентацијо, благодарам момци што ни донесовте радост во домовите. Голема почит“, напиша тој на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....