17:41 - 1 април, 2026

Најважниот производ за нега на кожата

Дерматолог ни открива кој е најважниот производ за нега на кожата, а повеќето од нас не го користат редовно.

Д-р Сандра Ли, попозната по името Dr Pimple Popper и снимките на кои на луѓето им третира страшни мозолчиња, сега ни открива што смета дека е најважниот производ за нега на кожата.

„Не ви се потребни многу пари. Кремата со заштитен фактор е најважната работа во негата на кожата, а нема потреба да трошите пари на скапи сапуни, тоници и слични работи“, тврди таа.

Зборувајќи за тоа дека на пазарот се достапни стотина различни производи за нега на кожата, овој дерматолог смета дека единствено ретинолот е „вреден“.

„Сметам дека вреди да се користи ретинол – инаку се користи за третирање на темни дамки, спречување на појава на брчки и акни“.

Значи, прочитавте, за најважен производ д-р Ли ја смета кремата со заштитен фактор, која повеќето од нас ја користат само на море, а многу дерматолози сметаат дека би требало да ја користиме секојдневно, за да го спречиме забрзаното стареење, појавувањето на дамки од сонце и за да ја заштитиме кожата од зрачење.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....