17.8 C
Скопје
00:42 - 16 август, 2026

Масла за сјајна коса

Рицинусовото масло е одлично кога ви е потребно нешто за побрзо раснење на косата. Сепак, тоа е прилично масно и лепливо и тешко е да се нанесе на косата, затоа го мешаме со други масла. Кокосовото и бадемовото се добра варијанта. Помешајте еден дел рицинусово масло и два дела кокосово или бадемово масло. Добиената смеса нанесете ја на косата навечер пред да си легнете. Рицинусовото масло посебно добро делува кога е топло, па затоа врз косата ставете капа за туширање и замотајте ја косата со пешкир. Изутрина измијте ја косата со шампон и оставете ја природно да се исуши.

Кокосово масло содржи масни киселини кои имаат антибактериски и и антигабични својства и затоа е посебно добро за здрава кожа на главата. Косата лесно го упива без да остане масен слој на влакното и затоа е добар избор за да го вратите сјајот на косата. Третманот правете го трипати неделно на следниов начин: Измијте ја косата со шампон. После тоа растопете го кокосовото масло и добро нанесете го на косата, особено на сувите и на испуканите краеви. Оставете да делува пет минути и добро исплакнете ја косата.

Маслиновото масло е проверен начин за враќање на сјајот на косата. Потребно е само малку да го загреете пред третманот, бидејќи тогаш липидите подобро се раствораат и косата подобро ги упива. Нанесете го рамномерно на косата, ставете капа за туширање, завиткајте ја косата во пешкир и оставете да стои барем еден час. Потоа измијте ја косата со шампон. Користете го овој третман неколкупати по ред и ќе видите дека косата многу брзо ќе ги поврати виталноста и сјајот.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ ја одбележа светската недела на доењето

Еспресо

На секој час станете и прошетајте: Оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

Лубеница и диња – освежување со многу придобивки, но и со правила

Еспресо

Добро осмислениот појадок може да придонесе за подолго чувство на ситост и за лесно контролирање на килограмите

Т.Ц.

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Еспресо

Д-р Беќаровски советува да бидеме внимателни кога пиеме пијалаци со мраз: „Теоретски од мразот може да настане труење“

Еспресо
Се вчитува....