3.8 C
Скопје
00:19 - 21 декември, 2024

Како да имате убави нокти? Послушајте ги советите од нашите баби!

Живееме во светот на Интернетот каде што секојдневните иновации не се ништо необично и едноставно ни е незамисливо да се служиме со „бабинските“ совети и трикови кога е негата во прашање. Сепак, верувале или не, бабите понекогаш го знаат најдоброто, а доказ за тоа се и овие неколку совети за нега на ноктите кои ги „украдовме“ токму од нив, нашите сакани и многу мудри баби.

1. Цврсти нокти со помош на лук

Ако сакате вашите нокти да бидат силни и здрави во тоа ќе ви помогне еден едноставен трик. Во шишенцето од омилениот лак за нокти иситнете малку лук. Лакот ќе ги впие неговите хранливи состојки и кога ќе го нанесувате, вашите нокти ќе станат многу посилни. Заради јакиот мирис на лакот, лукот нема да се забележува.

2. Маслиново масло за негувани нокти

Уште една кујнска намирница може да ви обезбеди силни и негувани нокти – маслиновото масло! Едноставно протријте го на ноктите, како и на заноктиците и набрзо ќе ги забележите резултатите. Истиот трик можете да го направите и со авокадо.

3. Маска против кршливи нокти

Вашите нокти никогаш повеќе нема да бидат кршливи доколку ја испробате оваа магична маска: измешајте малку маслиново масло, гел од алое вера и мед. Потопете ги вашите нокти во оваа смеса и гледајте како се создава магија.

4. Вазелин против сувата кожа и заноктиците

Доколку имате проблем со сува кожа и заноктици, само прашајте ја вашата баба. Таа ќе се заколне во вазелинот. А, неговата примена е едноставна, само нанесете го на „критичното“ место и верувајте ни, ќе добиете подобар ефект отколку која било хидратантна крема.

5. Пилингот е задолжителен

И на вашите нокти им е потребен пилинг! Пилингот, секако, можете да го примените и на целите дланки. Направете смеса од шеќер, маслиново масло и лимон и внимателно измасирајте ги рацете, прстите и ноктите. Откако ќе ја измиете смесата, нанесете ја омилената крема за раце. Мазно и совршено меко!

6. Гумени ракавици – спасителите на вашите нокти

На крај, клучниот совет кој мора уште сега да го примените. Секогаш, ама баш секогаш носете гумени ракавици кога ќе правите нешто во домот. На пример, кога ќе миете садови, кога ќе чистите… Така ќе ги заштитите не само вашите раце, туку и ноктите.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....