12.8 C
Скопје
10:56 - 18 октомври, 2026

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

На својот инстаграм-профил, Вељко Ражнатовиќ објави нова фотографија од својот најстар син, шестгодишниот Жељко Ражнатовиќ, и веднаш предизвика вистинска лавина од коментари. Малиот Жељко ја кренал маицата, а стомачните мускули му биле совршено оцртани, што многумина ги оставило без зборови.

Обожавателите на Вељко биле воодушевени од малиот Жељко, па коментирале: „Веќе на шест години, како мини-атлетичар!“, „Ова не е реално!“.

Додека некои истакнуваат дека малиот Жељко веќе ги покажува генетските предиспозиции на семејството Ражнатовиќ, други се шегуваат дека е подобро дефиниран од многу возрасни.

Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко, не криел колку се гордее со својот наследник.

„Сила“ – гордо напишал Вељко на фотографиите што ги направила неговата сопруга Богдана.

Многумина коментираат дека е јасно дека Вељко се грижи неговите синови да бидат здрави и активни уште од мали нозе, а формата на Жељко е доказ дека тој веќе ја наследува енергијата и дисциплината од својот татко.

Инаку, Вељко Ражнатовиќ не го криел задоволството што можел да помине квалитетно време со своите деца, кои го посетиле во Русија, каде што ќе остане долго време, а воедно комбинирајќи спорт, игри и семејни моменти.

Вељко ја искористил можноста да го запознае малиот Жељко Ражнатовиќ со светот на боксот, покажувајќи му ги првите техники и вежби, па снимката се појави на мрежите.

Исто така, нивната заедничка фотографија од Зоолошката градина предизвика лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи.

– Семејството секогаш е на прво место, е еден од коментарите што се издвоија под објавата.

Слични објави

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.
Се вчитува....