12:26 - 7 ноември, 2026

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Роберт Де Ниро говореше на прес-конференција по повод протестот „No Kings“ против политиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, порачувајќи дека тој мора да биде запрен.

Славниот актер, пред самиот протест, се појави на конференција за медиумите каде што изјави: „Време е да им кажеме не на кралевите. Време е да му кажеме не на Доналд Трамп. Доста ни е“.

„Не на кралот Трамп, не на непотребните војни што ни ги трошат ресурсите, не на жртвувањето на нашите храбри војници и не на убивањето невини луѓе. Не на корумпиран лидер кој се збогатува себеси и своите пријатели од класата на Епстин. Не на одземањето здравствена заштита на нашите најранливи сограѓани, не на недостапните намирници, не на скапата енергија, не на недостапното домување и не на инфлацијата на највисоко ниво од ковид наваму“, изјави Де Ниро.

Во продолжение на својот говор додаде: „Не на владините маскирани насилници кои убиваат наши сограѓани на улиците. Трамп мора да биде запрен – тоа е суштината на протестот ‘No Kings’, затоа што не може да ги прави сите тие работи без поддршка од Конгресот и неговите послушници во администрацијата. Тие се врзани за него од страв да не ги изгубат своите позиции и моќ. Тоа е ѓаволско“.

Во текот на денот беа најавени повеќе од 3.200 протести во сите 50 сојузни држави во САД, како и на неколку континенти.

По обраќањето, Де Ниро им се приклучи на демонстрантите во Њујорк.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....