13:55 - 30 јули, 2026

Како да го отстраните гелот од ноктите во домашни услови без да ги упропастите?

Има некои работи кои знаеш дека не смееш да ги правиш: да стискаш мозолчиња, кубеш седи влакна или најлошото од се – да го лупиш гелот од ноктите. Досега ни велеа дека последното е навистина голем „криминал“ бидејќи, притоа можеш сериозно да ги оштетиш ноктите. Но, драстични времиња бараат драстични мерки. Доколку сте заглавени со гел маникир во време кога сите салони се затворени, во овој подвиг можете да се впуштите и сами.

1. Отстранете го површинскиот слој

Употребете помека турпија и нежно отстранете го заштитниот површински слој. Доколку имате лак за сјај, продолжете се додека не стигнете до потемелна боја. Тоа е важно бидејќи ќе се овозможи ацетонот да помине до најдлабоките слоеви и да го убрза процесот на вадење на гелот. Кога ноктот ќе е мат, спремни сте за следниот чекор. Внимавајте да не претерате со турпијата и стигнете до вашиот вистински нокт. Доколку сте невнимателни и го уништите горниот слој од вашиот нокт, тој ќе започне да се витка, ќе ослабе и тешко ќе се опорави од истото.

2. Замотајте ги ноктите

Unsplash/Daiga Ellaby

За да го растопите гелот, натопете памук со 100% ацетонски отстранувач на лак, ставете го на ноктите и потоа замотајте со алуминиумска фолија, но навистина цврсто за да се засили делувањето на ацетонот. Можете преку сето тоа да ставите дури и ракавици. Со така завиткани нокти почекајте минимум 15 минути.

3. Отстранете ја преостанатата боја

Кога ќе ја отстраните фолијата и памукот, лакот би требало да биде скоро цел отстранет. Тоа што ќе остане околу кожичката, многу внимателно исчистете со дрвено стапче за кутикули. Доколку не се тргнал целиот лак, повторете го претходниот чекор и држете го памукот натопен во ацетон уште 5 минути. Немојте да притиската или пак стругате со турпијата по ноктите, бидејќи сега се веќе многу меки и може лесно да се оштетат.

4. Хидратација, хидратација, хидратација!

Откако ќе ги отстраните лакот и гелот, ноктите и кутикулите ќе бидат многу суви, па затоа измијте ги рацете и нанесете крема за хидратација и на кутикулите и на ноктите за да ја вратите влажноста. Остајте ги ноктите барем недела дена да се одморат од делувањето на ацетонот и негувајте ги рацете со хранлива и хидратациска крема. Добар трик е маслото или обичниот лосион за раце да се загрее неколу секунди во микто (немојте премногу, може да се изгорите), ставете го во гумени ракавици, па потоа ставете ги ракавиците. Држете така 10 минути.

Слични објави

Добро осмислениот појадок може да придонесе за подолго чувство на ситост и за лесно контролирање на килограмите

Т.Ц.

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Еспресо

Д-р Беќаровски советува да бидеме внимателни кога пиеме пијалаци со мраз: „Теоретски од мразот може да настане труење“

Еспресо

Многумина ги забележаа златните точки на ушите на Ѓоковиќ на Вимблдон – еве за што станува збор

Т.Ц.

Што се менува по 35-тата година: Зошто сè повеќе жени избираат дополнителен приход?

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Породилни пакети по специјални намалени цени

Еспресо
Се вчитува....