9.8 C
Скопје
06:55 - 27 септември, 2026

Есенска рутина: Што треба да промените во вашата нега на кожа

Во текот на есента и зимата, намалената влажност во воздухот и греењето во затворен простор, додатно ја сушат кожата, па затоа се јавуваат проблеми како што се лупење, иритација, црвенило и осип на кожата.

За да ги избегнете сите овие промени, посебно ако имате веќе сув тип на кожа, потребно е да ја измените вашата рутина и во неа ги воведете следниве чекори.

1. Додатна хидратација на лицето
Кремите на база на вода, со лесна текстура се совршен избор за лето, но за време на ладниот период нема да направат доволно за нашата кожа. За време на есента идеален избор се кремите со погуста текстура, богата со витамини, есенцијални масни киселини, кои природно се наоѓаат во кожата, но треба да се обноват за време на ладните денови.

Profimedia

2. Интензивна хидратација на телото
Се што е неопходно за кожата на лицето, исто така е неопходно и за кожата на телото, така што би ја соцувала својата природна еластичност и би останала здрава и мека на допир. За време на студот, кожата е дополнително исушена, па затоа е потребно да се зголеми нивото на хидратација. Многу е важно лосионот или млекото за тело да го нанесувате еднаш дневно и тоа веднаш после туширање, така што кожата подобро би го упила производот.

3. Агресивните пилинзи се минато
Агресивните состојки како што се ретиноида и гликолни киселини, пожелно е да се избегнуваат за време на ладните денови, кога кожата е поосетлива. Кога се работи за пилингот, есен и зима се периоди кога би требало да се насочите на нешто поблаги формули за ексфолиација.

4. Размислете за суплементи
Не е залудна изреката дека убавината доаѓа одвнатре и дека на нашиот организам му е потребна дополнителна нега, поради надворешноста. Не би било лошо, своето тело да го зајакнете со одредени суплементи како што се витамин Д и витамин Ц, кои покрај здравствената состојба на организмот, ќе влијаат и на квалитетот и убавината на вашата кожа.

Слични објави

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Противотров за стресот: Возењето велосипед може да нè направи посреќни

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Репродуктивно здравје и бременост — што треба да знаете

Еспресо

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

Седум симптоми кои може да укажуваат дека нешто сериозно се случува со бубрезите – еден знак може да го забележите веднаш наутро

Т.Ц.

Колку точно километри треба да пешачите за да ослабете и како да го забрзате согорувањето калории

Т.Ц.
Се вчитува....