6.8 C
Скопје
05:13 - 29 септември, 2026

ЗДРАВ МОЧЕН МЕУР: Која храна треба да ја внесувате, а која да ја избегнувате?

стомак болка

На здравјето на мочниот меур, како и на целото наше тело, влијае сè што внесуваме во него. Така, одредени намирници го иритираат мочниот меур и го промовираат развојот на бактерии, додека други имаат благотворно дејство. Бидејќи е подобро да се спречи отколку да се лечи, имајте ги на ум овие намирници, според „Naturala“.

Вода

Доколку сакате да почнете да се грижите за здравјето на вашиот мочен меур, првата ставка на која треба да обрнете внимание е дневниот внес на вода. Мочниот меур се наоѓа на крајот на уринарниот тракт и е таму за да ги исфрли несаканите бактерии од телото. Водата е клучна за овој процес – колку повеќе вода пиеме, толку почесто нашиот мочен меур ги чисти и исфрла бактериите преку урината. Колку подолго бактериите лежат непречено во мочниот меур, толку е поголема шансата за развој на инфекција. Затоа, проверете колкав е вашиот дневен препорачан внес на вода – за повеќето луѓе тоа е околу 2 литри дневно.

девојка вода
Фото: Pexels

ЧЕСТО ВИ ЗУЈАТ УШИТЕ? Дневна доза магнезиум може да биде од помош

Брусница и сок од брусница

Сокот од брусница се смета за народен лек за воспаление на мочниот меур. Понекогаш ваквите народни лекови се покажуваат како неуспешни, но сокот од брусница е полн погодок! Имено, брусницата содржи антиоксиданс проантоцијанидин, кој влијае на способноста на бактериите да се лепат на ѕидовите на уринарниот тракт. Свежа брусница, сок од брусница или додатоци во исхраната – брусницата во која било форма ќе има благотворно влијание на вашиот мочен меур. Ако сте се одлучиле за сок од брусница, погрижете се да не содржи додадени шеќери, бидејќи тоа ќе има контра-ефект.

брусница
Фото: Пекселс

Храна богата со растителни влакна

Влакната се добри за вашиот мочен меур! Ја поттикнуваат работата на дигестивниот тракт и на тој начин го спречуваат задржувањето на бактериите со што се спречуваат инфекциите. Мешунките, компирите и интегралните житарки треба да бидат во вашата чинија доколку сакате да се грижите за вашиот мочен меур.

ЈАДЕТЕ ДУЊИ: Ова овошје е моќен антиоксиданс, спречува и лечи голем број болести!

Овошје и зеленчук со висок процент на вода

Водата не се внесува само со течности – извор може да биде и храната. Висок процент на вода содржат лубеницата, кељот, праската, брокулата, дињата. Цитрусните овошја и другите кисели овошја исто така имаат висока содржина на вода, но поради нивната киселост можат да предизвикаат иритација на мочниот меур, па затоа е подобро да ги избегнувате.

Profimedia

Која храна треба да се избегнува?

Пијалоци кои предизвикуваат иритација на мочниот меур се оние кои содржат кофеин и алкохол. Исто така, држете се настрана од кисела и многу зачинета храна.

Сите овие предлози се наменети за одржување на здравјето на мочниот меур, како и за ублажување на иритацијата во случај на воспаление, но во никој случај не се адекватна замена за медицинската терапија. Доколку почувствувате некаква непријатност, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

ПРАЗ: Благотворен зеленчук богат со витамин К1, неопходен за здравјето на срцето

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....