19.8 C
Скопје
12:15 - 7 октомври, 2026

По работа сте на состанок, а немате четка за заби? Имаме вкусно решение за вашиот проблем

Забите е пожелно да се мијат по секој оброк, а не само наутро и навечер. Тоа нè учеа уште како деца нашите родители и стоматолози и ни објаснуваа дека забите мора да ги четкаме најмалку две минути. Меѓутоа, постои одреден тип на храна која може да дејствува како „чистач“ на забите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by stefa (@kinivc)

Јаболка

Со оглед на тоа дека содржат фосфор, калциум и флуор, го спречуваат  развојот на кариес, а докажано е дека ова овошје подобро ги чисти забите од било која четка дејствувајќи двојно – механички и физички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rennie Müller (@renaturelles)


Морков

Џвакањето на овој зеленчук, го стимулира производството на плунка, која помага да се отстрани остатокот од храна. Освен тоа, влакната од морковот дејствуваат како четка за забите и непцата.


Целер

Ги штити забите на два начина. Џвакањето на целер предизвикува лачење на супстанции кои ги неутрализираат бактериите кои предизвикуваат расипување на забите. Исто така, оваа храна џвакајќи навлегува меѓу забите, ги масира непцата и ја чисти усната празнина .

Слични објави

Појадок напладне, вечера доцна навечер — нередовните оброци за време на викендот може да му штетат на машкото срце

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Работа од дома – комфор или ризик за менталното здравје?

Еспресо

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

К.С.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Противотров за стресот: Возењето велосипед може да нè направи посреќни

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Репродуктивно здравје и бременост — што треба да знаете

Еспресо
Се вчитува....