30 C
Скопје
18:00 - 10 јули, 2026

ПО ТЕШКАТА БОРБА СО ТУМОР НА МОЗОКОТ ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ БРАЈАН ТРАВЕРС

Саксофонистот и текстописец Брајан Траверс, по тешката битка со ракот на мозокот, почина на 62 -годишна возраст.

Тој беше еден од основачите на британскиот реге бенд UB40 од Бирмингем. Веста беше објавена на официјалниот профил на групата на Твитер.

Музичарот почина на 22 август во неговата куќа во Мозли. Брајан требаше да се оперира по втор пат, откако доживеа напад во пресрет на Божиќ минатата година, пишува Дејли Меил

– Со голема болка и тага, објавуваме дека почина нашиот пријател, брат и еден од основачите на UB40 и музичар Брајан Треверс. Брајан почина вчера по долга и херојска битка со ракот. Нашите молитви одат за сопругата на Брајан, Лесли, синот Џејми и ќерката Лиса.

Сите сме шокирани од оваа вест и ве замолуваме да ја почитувате приватноста на семејството во ова тешко време – се наведува во соопштението.

Името UB40 е создадено со промена на кодот во образецот за невработените  Department of Unemployment во Англија во Unemployed Benefits form 40.

Во 1980 година, кога групата Pretenders правеше турнеја во Англија, членовите на UB40 во кафуле ја забележаа пејачката Криси Хинде. Истата година, Pretenders и UB40 започнаа заедничка турнеја и UB40 го издадоа својот деби албум Signing Off. Pretenders и UB40 ги здружија силите во 1986 година во студиото и ја обработија песната I Got You Babe од 1966 година, првично изведена од Сони и Шер, со која постигнаа голем комерцијален успех.

UB40 се едни од ретките бендови кои долго време настапуваа во оригиналната постава. Продадени се преку 70 милиони албуми ширум светот. Некои од нивните најпознати песни се Red Red Wine, Rat in my Kitchen, Kingston Town, Where Did I Wrong Wrong и обработка на песната на Елвис Присли, Can’t Help Falling in Love, која беше број 1 на топ листите во Британија и САД.

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо

Босна и Херцеговина нема да настапи на Евровизија ни во 2027 година

Еспресо

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Еспресо

Соседите на Јаков Јозиновиќ го „разврзаа“ јазикот за младиот пејач: „Тој отсекогаш беше…“

Еспресо
Се вчитува....