11:22 - 7 ноември, 2026

НАЈВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСХРАНАТА: Пет одлични извори на целосни протеини

месо протеин

Протеинот е многу важен дел од исхраната. Потребен е за скоро сите метаболички процеси во телото, вклучително и дигестија, функција на срцето и белите дробови и функцијата на нервниот систем.

Еве каде може да најдеме целосни протеини и да ги вклучиме во исхраната:

Месо

Говедското и пилешкото имаат најмногу протеини, додека одличен избор се и друга живина и риба. Изворите од животинско потекло содржат клучни хранливи материи, вклучувајќи цинк, витамини од групата Б, витамин Д, омега-3 масти и железо.

Јајца, млеко и јогурт

Јајцата, млекото и другите млечни производи (како што е урдата) се исто така одлични извори на протеини. Една чаша грчки јогурт може да содржи дури 23 грама протеин, што го прави одличен извор. Јајцата во просек имаат околу 6 грама протеин.

Тофу

Тофу е уште еден одличен извор на комплетен протеин што го прави идеален додаток на диети, особено оние што следат веганска исхрана.

Ореви

Оревите имаат многу здравствени придобивки, а една од нив е и високата содржина на протеини. Кикириките имаат најголемо количество протеини, а бадемите и ф’стаците се исто така одличен избор.

Киноа

Киноата е многу хранлива, содржи дури 14 гр протеини на 100 гр. Исто така, содржи влакна и витамин Б и Е комплекси.

извор: „magazin.novosti“

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....