11:38 - 31 март, 2026

Моќен сок за имунитетот и за слабеење: Од телото го исфрла сето она што му штети

Направете го овој прекрасен сок за подобрување на имунитетот. Со неговото консумирање ниту една болест нема да ви може ништо.

Состојки: 4 средни моркови, 2,5 см корен од ѓумбир, 2 лимони (излупени), 2 чешниња лук, 1 супена лажица јаболков оцет.

Подготовка: Ставете ги состојките во соковиник. Сокот кој ќе го добиете пијте го два дена. Дневно се пие по три пати. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 часаљ.

Овој сок успешно ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Морковот ги зајакнува крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилниот антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да го подобри варењето. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамините од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, а го подобрува и метаболизмот.

Лимонот е одличен извор на витаминот Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колагенот.

Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик па се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок, а познат е и во борбата против канцерот.

Јаболковиот оцет е магичен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрување на работата на дигестивниот систем, се бори против киселината, го регулира нивото на шеќер во крвта.

 

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....