16.8 C
Скопје
17:51 - 20 април, 2024

ДАЛИ КОВИД-19 ЌЕ ОСТАНЕ СО НАС ЗАСЕКОГАШ: Што вели науката?

ковид-19

Ковид-19 ќе стане ендемска болест – тоа е констатација која што може да се слуша се почесто кога станува збор за потенцијалниот крај на пандемијата.

Некои европски земји, како што е Шпанија, прават рамковни планови кога би можеле да почнат да го третираат коронавирусот како „ендемична“ болест, но Светската здравствена организација и други официјални лица предупредуваат дека „светот не е ни блиску до прогласување на пандемијата за завршена“. И што точно значи поимот ендемична болест?

РАЗЛИКА МЕЃУ ВИРУСНО И БАКТЕРИСКО ВОСПАЛЕНИЕ НА ГРЛОТО: Кое воспаление како се лекува

Што значи ендемична болест и дали може да стане ковид-19?

За некоја болест се вели дека е ендемична кога редовно се јавува во одредени области, според утврдените обрасци. Од друга страна, пандемијата се однесува на глобална епидемија која предизвикува непредвидлив развој на болеста.

„Светската здравствена организација објави дека редефинирањето на коронавирусот како ендемска болест е сè уште „далеку“. Сè уште имаме огромна количина на несигурност и вирус кој брзо се развива“, вели Кетрин Смолвуд, специјалист за заразни болести во европското седиште на агенцијата во Копенхаген.

За многу земји, означувањето на болеста како ендемична значи дека ќе бидат достапни помалку ресурси за борба против истата, бидејќи најверојатно повеќе нема да се смета за итна состојба во јавното здравје.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Откриено дека губењето на мирис и вкус од Ковид-19 се должи на генетски фактор

Кој ќе одлучи кога ковид-19 ќе стане ендемска болест?

Повеќето богати земји веројатно ќе ја донесат таа одлука сами, во зависност од тоа како вирусот циркулира во нивните граници и потенцијалот новите случаи да предизвикаат големи епидемии. Вакцините, лековите и другите мерки против ширењето на инфекциите со ковид-19, кои се широко достапни во богатите земји, веројатно ќе им помогнат во борбата против епидемијата долго пред вирусот да биде ставен под глобална контрола.

СЗО технички не прогласува пандемија. Нејзиното највисоко ниво на тревога е глобалната здравствена вонредна состојба, за која ковид-19 се квалификуваше во јануари 2020 година. Здравствената агенција на ОН оттогаш свикува експертски комитет на секои три месеци за повторно да ја процени ситуацијата. Пандемијата најверојатно ќе заврши кога експертите на СЗО ќе прогласат дека ковид-19 повеќе не се квалификува како глобален итен случај, но критериумите за таа одлука не се прецизно дефинирани.

„Тоа е донекаде субјективна оценка бидејќи не се работи само за бројот на случаи. Се работи за сериозноста и влијанието на болеста“, изјави д-р Мајкл Рајан, шеф на СЗО за итни случаи.

Други веруваат дека означувањето на коронавирусот како ендемична болест е веројатно политичко прашање, а не научно и зборува до кој степен националните власти и нивните граѓани се подготвени да толерираат болест и смрт.

ДАЛИ Е ОПРАВДАНО СКРАТУВАЊЕТО НА КАРАНТИНОТ? Докторите велат НЕ, Омикрон е најзаразен ОВИЕ денови!

Што предлага Шпанија?

Шпанскиот премиер Педро Санчез минатата недела рече дека падот на стапката на смртност од ковид-19 укажува дека е време европските власти да почнат да размислуваат дали болеста се смета за ендемична. Ова значи дека шпанските власти повеќе нема да мора да ја евидентираат секоја инфекција со ковид-19 и дека луѓето со симптоми нема нужно да се тестираат, туку ќе продолжат да се лекуваат доколку се болни. За овој предлог се разговараше со некои претставници на ЕУ, но не беа донесени никакви одлуки.

Во октомври, Европскиот центар за превенција и контрола на болести издаде совет за тоа како земјите би можеле да преминат на рутински надзор на ковид-19, по акутната фаза на пандемијата. Меѓу своите препораки, агенцијата рече дека земјите треба да го интегрираат следењето на коронавирус со други болести, како што е грипот, и да тестираат репрезентативен примерок од случаи на ковид-19, наместо да се обидуваат да го тестираат секое лице со симптоми.

ИМАТЕ КОВИД? Еве кога да останете дома, а кога да отидете во болница

Дали поимот ендемична болест значи дека проблемот е решен?

Не. Ако се каже дека болеста е ендемична, тоа не значи дека проблемот е решен. Многу сериозни болести, вклучувајќи ги туберкулозата и ХИВ, се сметаат за ендемични во делови од светот и продолжуваат да убиваат стотици илјади луѓе секоја година. Маларијата, на пример, се смета за ендемична во многу делови на субсахарска Африка и се проценува дека предизвикува повеќе од 200 милиони случаи секоја година, вклучувајќи околу 600.000 смртни случаи.

„Ендемично само по себе не значи добро. Ендемската болест само значи дека таа е таму засекогаш“, вели д-р Мајкл Рајан.

Здравствените власти предупредуваат дека дури и откако ковид-19 ќе стане редовен респираторен вирус, како што е сезонскиот грип, вирусот сепак ќе биде фатален за некои луѓе.

„Дури и откако ќе заврши пандемијата, ковид-19 ќе биде со нас. Разликата е во тоа што луѓето нема да умираат неселективно поради болеста и тоа ќе биде толку рутинско што ќе имаме многу подобар и поправеден пристап кон вакцините, терапијата и дијагнозата за сите“, вели д-р Крис Вудс, специјалист за заразни болести на Универзитетот Дјук .

Слични објави

(Фото) Вака пред смртта Бојана Јанковиќ зборувала за поранешниот сопруг: Мојата крв…

Еспресо

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо
Се вчитува....