8.8 C
Скопје
22:47 - 18 октомври, 2026

ЦЕЛ ЖИВОТ СМЕ ГРЕШЕЛЕ: Не го местете креветот откако ќе станете, постои добра причина за тоа

спиење

Нашите родители меѓу првите работи за кои нè учеа додека бевме мали, секако, е откако ќе се разбудиме веднаш да се намести постелината и креветот да биде уреден. Но, дали сте знаеле дека таа „војничка“ навика може да направи повеќе штета отколку корист?

 

девојка

„Грините сакаат топол кревет, па затоа најдобро е прекривачите да се остават на воздух 30 минути, и дури потоа уредно да го наместите креветот“, предупредуваат експертите за душеци.
Грините се ситни животни кои се невидливи за човечкото око и истите се хранат со нашите мртви клетки од кожата. Најчесто се наоѓаат во мебелот, теписите, постелината и кадифените играчки и може да предизвикаат чешање на кожата, течење на носот или солзење на очите.

 

Тие сакаат влажни места и температури помеѓу 20 и 25 степени целзиусови, а од американската фондација за астма и алергии велат дека им е убаво во топлиот и влажен дом каде можат да преживеат и цела година.

девојка

Освен што не треба да го наместите креветот веднаш откако ќе станете, експертите велат дека треба да одбегнувате хидратантни креми пред спиење. Иако за некои луѓе тоа е ритуал, но ако одите во кревет веднаш по нанаесувањето на кремата, постелината може да ја апсорбира влагата.

„Постојат работи што не смеете да ги правите, на пример не е препорачливо да јадете во кревет, или да си играте со милечињата и одбегнувајте да користите производи за нега на кожа и тело најмалку 30 минути пред спиење. Така, ќе се осигурите дека кремите ги апсорбира вашата кожа, а не постелината“, додаваат тие.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....