9.8 C
Скопје
14:26 - 31 март, 2026

Британка стана првата личност на светот излечена од смртоносна инфекција преку ГМО вирус

Британска тинејџерка која боледува од цистична фиброза стана привата личност на светот која е излечена од смртоносна инфекција со помош на генетски модифициран вирус, пренесува „Индепендент“.

17-годишната Британка пред две години се борела за живот по трансплатацијата на белите дробови која била извршена во британска болница, пренесува овој британски таблоид.

Таа била заразена од супербактерија и антибиотиците повеќе немале никаков ефект.

Меѓутоа, откако докторите и дале вирус кој не ги напаѓа човечките клетки, а е модифициран за убивање на бактерии, девојката целосно оздравела.

Докторите ја проучуваат оваа терапија веќе речиси еден век, но таа имала ограничена уптреба, бидејќи секој вирус еволвира во ловец на одреден слој бактерии, а некои вируси не биле доволно смртоносни за бактериите да бидат ефективни.

Меѓутоа, во случајот со 17-годишната Британка се покажало дека генетската модификација на вируси би можело да биде ефикасен метод, пишува „Индепендент“.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....