37.8 C
Скопје
17:18 - 20 август, 2026

БРИЛИЈАНТНА ВОЕНА ТЕХНИКА: Ќе ви помогне да заспиете за 2 минути

сон спиење

Кажете нешто пофрустрирачко од тоа да поминете цела ноќ во вртејќи се од едната на другата страна, очајно обидувајќи се да заспиете.

Но, ако често ви се случува да лежите будни во кревет ноќе обидувајќи се да ја „повикате“ слатката дремка, тогаш имаме добра вест.

Постои брилијантна воена техника за која се вели дека му помага на секој да заспие за само две минути – и истата навистина може да ви го промени животот.

 

спиење

Трикот, наводно, го користи американската армија за војниците да можат полесно да заспијат во стресн ситуации, како на пример на боиштата.

Подетално објаснето во книгата „Relax and Win: Championship Performance 1981“. Имено, се смета дека техниката е развиена од началниците на армијата за да се осигураат дека војниците нема да направат грешки опасни по живот поради исцрпеност.

Еве како да го направите тоа:

Опуштете ги мускулите на лицето, вклучително и јазикот, вилицата и мускулите околу очите. Спуштете ги рамената колку што е можно подоле, проследено со горниот и долниот дел од рацете. Издишете, опуштајќи ги градите проследено со нозете, почнувајќи од бутовите и надолу. Потоа треба да потрошите 10 секунди обидувајќи се да си го исчистите умот пред да почнете да размислувате за една од трите следни слики:

  • Замислете дека лежите во кану на мирно езеро без ништо друго освен чисто сино небо над вас
  • Замислете си дека лежите во црна кадифена импровизирана соба во темно црна просторија
  • Повторувајте си „не размислувај, не размислувај, не размислувај“ во себеси одново и одново околу 10 секунди.

спиење

Се вели дека техниката функционира кај 96% од луѓето по шест недели вежбање. Недостатокот на сон може да ги направи луѓето повеќе склони кон голем број здравствени проблеми и состојби, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Со оглед на тоа што еден од тројца луѓе во Обединетото кралство страдаат од инсомнија, армискиот трик може да обезбеди слатко олеснување.

Ако тоа не функционира, експертот за спиење д-р Нил Стенли вели дека најважниот фактор кога станува збор за заспивање е да го смирите вашиот ум.

„За да заспиете, потребни ви се три работи: спална соба погодна за спиење, опуштено тело и најважно тивок ум. Не можете да заспиете ако вашиот ум мисли на триста работи и затоа се што можете да направите за да го забавите, ќе ви помогне да спиете“, вели тој.

Не постои магичен начин да се направи ова, мора да се најде она што ви одговара, без разлика дали станува збор за читање, топла бања, чај од камилица, ароматерапија или слушање Пинк Флојд. Не е важно што правите, се додека престанете да се грижите за стресните ситуации од денот“, вели д-р Нил Стенли.

Извор: Independent

Слични објави

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Еспресо

„Се обидовме, не успеавме“: Душко Тошиќ јавно го потврди раскинувањето со Нора

Еспресо

Македонската водителка Нина Ред со моќна порака за простувањето: „Не смееме цел живот да се казнуваме, заслужуваме мир“

Еспресо
Се вчитува....