13.8 C
Скопје
17:30 - 23 април, 2024

ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА КРЕАТИВНИОТ ГЕНИЈ, ЗБОГУМ ТИЕРИ МУГЛЕР: Почина легендарниот дизајнер на Мадонa и Дијана Рос, последниот предизвик му беше да го редизaјанира сопственото тело!

Еден од дизајнерските легенди на 80-тите, кој ги облече најпознатите ѕвезди, од Мадона до Дајана Рос, почина на 73 години. Тој го креираше и легендарниот парфем „Енџел“, во еден период – најпродаваниот парфем во светот.

Уште една жална вест од модниот свет. Манфред Тиери Муглер, француски дизајнер, почина на 73-годишна возраст. Веста за смртта беше пренесена од официјалниот профил на Инстаграм во доцните вечерни часови на 23 јануари:

„Потресени ја објавивме смртта на г-дин Манфред Тиери Муглер, недела, 23 јануари 2022 година. Нека почива неговата душа во мир“ стои во написот до црната фотографија.

Дизајнерот деновиве беше во центарот на вниманието со ретроспективната изложба во Musée des Arts Decoratifs, за која лани, во септември, наградениот дизајнер рече:

„Отсекогаш ме фасцинирало најубавото животно на земјата: човекот. Ги искористив сите алатки што ми стојат на располагање за да ја сублимизирам изложбата“. Самата изложба беше една од најочекуваните во 2021 година, а претставена за прв пат во Музејот за ликовни уметности во Монтреал во март 2019 година, пред да се пресели во Ротердам и во Минхен и најпосле да биде поставена во Париз, каде што е предвидено да трае до 24 април 2022 година.

Дизајнерот не беше само крал на моќното облекување во 80-тите: Тиери Муглер ги облекуваше најпознатите ѕвезди (тој беше и омилен креатор кој ја облекуваше  и сопругата на претседателот на Франција Франсоа Митеран, Даниел Митеран). Во 1991 година легендарната пејачка Дијана Рос да се појави на модната писта на ревијата во Париз: и тоа беше првпат кога на модна писта, на ревија, се појавила наместо модел славна пејачка.

Муглер беше еден од првите што го искористи својот креативен потенцијал на сите можни начини: стилист, танчер, фотограф, изумител на парфеми…Со легендарниот парфем Енџел стана основач на нова категорија парфеми – со нагласени ориентални ноти, а парфемот стана еден од најпродаваните мириси на светот. И денес е високо на листата топ 5 парфеми, од неговото создавање во 1992 година. Друг познат парфем од Муглер е „Алиен“, кој датира од 2005 година.

Тиери Муглер е роден во 1948 година во Стразбур. Уште од мали нозе негувал силна страст за танцот, кој професионално го практикувал во Рајнската опера („Ме научи на важноста на техниката“ подоцна се изјасни дизајнерот).

Откако се преселил во Париз во 1970 година, тој почнал да работи како уредувач на излози во најмодерниот бутик во градот, Гудуле. Работа која му овозможила да следи некои курсеви за мода и декоративна уметност во слободното време. Оттука е и почетокот на неговата кариера како дизајнер на облека, првично како хонорарен дизајнер. Чиракувањето го навело во 1973 година да ја лансира својата прва колекција наречена Café de Paris.

Раѓањето на брендот Тиери Муглер се случила во 1975 година: бренд кој веднаш се издвојувал по својот стил, составен од контрасти, но познат е и неговиот презир кон принтовите. Чистите бои и линии брзо ги привлекуваат ѕвездите, како Мадона. Легендарни се нејзините корсети дизајнирани токму од Муглер. Потоа, незаборавните фустани кои ги носеше неговата муза Шерон Стоун. Тој го дизајнираше и „малиот црн фустан“ што Деми Мур го носеше во филмот “Непристоен предлог“ (Indecent Proposal 1993) но и го режираше едно од најкултните видеа во 1980-тите, „Too Funky“ на Џорџ Мајкл (во главните улоги се појавија супермоделките Линда Евангелиста, Ева Херцигова и Тајра Бенкс).

Неговите модни ревии ќе останат незаборавни, но и големата страст кон фотографијата – објави две култни фотографски книги во кои ги прикажа фотографиите на бројни знаменитости ширум светот. Инаку, неговата прва модна фотографија ја направил на 14 годишна возраст.

Додека неговиот бренд се врати повторно во центарот на вниманието во последниве години, Тиери Муглер си го врати своето име Манфред и помина низ низа физички трансформации преку пластична хирургија, што беше тешко да се поверува дека има 73 години. Тоа беше последната дизајнерска магија на креативниот гениј.

Слични објави

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо
Се вчитува....