20.8 C
Скопје
19:39 - 29 септември, 2026

Зеленски во Одеса: „Можен коридор за жито“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера  ја посети Одеса, каде што разговараше за можен коридор за извоз на жито. Ова го соопшти канцеларијата на претседателот, прнесено од Укринформ. На средбата со локалните власти, гувернерот на Одеса, Максим Марченко ги објасни мерките преземени за одбрана на регионот од рускиот воен напад. Се зборуваше и за тоа како да се организира безбеден коридор за извоз на жито и како да се поддржат земјоделците за жетвата. Според податоците на Марченко, како резултат на руската агресија, во пристаништата на Црното Море се блокирани 39 цивилни бродови од 14 различни земји.

Зеленски ја посети и областа, каде што се наоѓа станот погоден од руски проектил на 23 април, во кој загинаа осум лица, меѓу кои Кира, тримесечното бебе, нејзината мајка и баба. Нивната смрт е еден од трагичните симболи на војната во Украина. „Ова е ужасно злосторство од омраза, агресорот убива и осакатува луѓе. Треба да ја обновиме оваа зграда за да можат жителите да си одат дома“, рече тој.

Вчера Зеленски ја посети и линијата на фронтот во регионот на Миколаев, каде претседаваше со уште еден состанок со локалните власти. „Разговаравме за состојбата на економијата, за обновувањето на водоснабдувањето, за состојбата во земјоделството. Посветивме особено внимание на заканите од копно и море. Да не престанеме да работиме за победа на Украина“, напиша Зеленски на Телеграм, каде што објави и видео од посетата.

Не е прв пат Зеленски да оди на линијата на фронтот каде што се одвуваат борбите со руските напаѓачи. Претходно тоа беше во Харков, Запорожје и во Донбас.

Гувернерот на Луганск: „Се подготвуваме за најлошото“

Слични објави

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо
Се вчитува....