5.8 C
Скопје
08:15 - 27 октомври, 2026

Амбер Херд со нов напад: „Најстрашното нешто во сексуалното насилство е да не му верувате на оној кој го открива“

NBC го пренесе целосното интервју со актерката, која неодамна беше осудена за клевета на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп: „Го земав моето право да зборувам здраво за готово“. И сега таа е „преплашена“ од можноста повторно да биде осудувана доколку продолжи да разговара на тема за судењето.

„Најстрашното и најзастрашувачкото нешто за секој кој зборува за сексуално насилство е да не му веруваат, да го нарекуваат лажго или да го понижуваат“. Амбер Херд започна нов напад – иако индиректен – на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп: откако беше осудена за клевета поради познатиот едиторијал во Вашингтон пост во кој – дури и таму без да го спомене поранешниот партнер – зборуваше за претрпените злоставувања, американската актерка ја потврдува својата верзија за настаните.

„Дали се плашам дека ако продолжам да разговарам за судењето, ќе добијам уште една жалба за клевета? Се разбира“, е одговорот на Амбер на прашањето на Савана Гатри во долго интервју за Дејтлин на NBC.

„Го земав здраво за готово она што го претпоставував дека е моето право да зборувам. Се плашам дека, без оглед на тоа што правам или кажувам или како го кажувам, секој чекор може да претставува уште една можност за вакво замолчување“.

Но, Амбер, всушност, продолжува да оди по својот пат, без никакво назадување во врска со нејзините спорни афирмации:

„Сè додека живеам ќе го повторувам секој збор од моето сведочење. Ја кажав вистината пред лицето на моќта и ја платив цената“. Приказна која се коси со верзијата на Деп, кој тврди дека никогаш во животот не тепал жена. „Јас не сум одмаздничка личност и не барам одмазда“, изјави Херд.

Таа откри и дека ги поседува белешките што со години ги зепишувал неговиот терапевт, кои би ги потврдиле приказните за наводното насилство на Деп.

„Разочарувањето што го чувствувам ги надминува зборовите“, рече таа веднаш по казната со која беше осудена на повеќе од 8 милиони долари отштета.

„Срцето ми е скршено што планината докази не беше доволна за да ја издржам моќта и влијанието на мојот поранешен сопруг“.

„И уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување. Свртен е часовникот наназад во времето кога жената која зборувала за одредени прашања била понижувана и не ѝ верувале“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....