2.8 C
Скопје
07:20 - 27 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува 39 степени, особено жешко време!

– Под влијание на претежно стабилна, суво и ТОПЛА воздушна маса од југ, денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана и краткотрајна попладневна нестабилност.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во пораст, ОСОБЕНО ТОПЛО ќе биде од вторник па натаму кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 33 степени, а особено ТОПЛО ќе биде од вторник па натаму кога максималанта температура ќе се искачи до околу 37 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им препорачуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето (да носат капа и наочари за сонце), и да пијат што повеќе течности.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....