04:02 - 9 ноември, 2026

Зеленски: „Повлекувањето на Русите од Змискиот остров го менува сценариото на војната“

„Симболична“ победа за Киев. Опасноста за Одеса згаснува, повеќе надежи за извоз на украинска пченица.

„Островот на змиите е стратешка точка“, а повлекувањето на Русите „значително ја менува ситуацијата во Црното Море“. Така, украинскиот претседател Зеленски го сумираше вчерашниот воен настан на својот вечерен брифинг.

Зеленски продолжи нагласувајќи, според него, фундаментална точка:

„Ова повлекување сè уште не гарантира безбедност, сè уште не гарантира дека непријателот нема да се врати. Но, тоа веќе ги ограничува акциите на окупаторите на значаен начин“.

Повлекувањето на Русите од Змискиот остров, стратешка позиција во Црното Море, освоена од Москва од почетокот на инвазијата и нападната од украинските бомбардирања со недели, е важен успех за Киев, дури и симболичен, како за контролата на поморските текови и извозот, така и за можно спречување на напади на Одеса.

Портпаролот на Министерството за одбрана н Русија Игор Коначенков го минимизираше повлекувањето, објаснувајќи дека тоа е „знак на добра волја“ од страна на Москва која има намера да го фаворизира извозот на жито од Украина преку „хуманитарен коридор“.

За Украинците голема симболична вредност има операцијата за повторно освојување на Змискиот остров, зашто тоа е истото место кое падна во руски раце неколку часа по почетокот на инвазијата, каде што еден од украинските бранители ја изговори познатата реченица против рускиот воен брод крстосувачот „Москва“: „Руски воен брод, оди за*би се!“ (што всушност се случи со потонувањето на рускиот брод).

Украина: Бомбардирана е станбена зграда во Одеса, најмалку 10 мртви

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....