22.8 C
Скопје
23:10 - 9 септември, 2026

Прв потврден случај на ковид пренесен од мачка на човек; „ризикот е мал но возможен’

Првиот случај на „Ковид“ пренесен од мачка на човек е утврден во Тајланд. Сепак, според експертите, ризикот за вакви случаи е многу мал.

Преносот на коронавирусот SARS-CoV-2 од мачка на човек е докажан за прв пат од почетокот на пандемијата. Експертите веруваа дека е можна таква „обратна зооноза“, но и покрај екстремната вирусна циркулација и ширењето на повеќе варијанти, сличен случај никогаш не бил документиран во овие две и пол години. Затоа, истражувачите нагласуваат дека ризикот од заразување од мачка останува многу низок. Обратно на ова,  животните се особено изложени на човечка зараза; Студијата на Универзитетот во Калифорнија проценила дека повеќе од 400 видови ‘рбетници се потенцијално заразни од луѓето, поради сличноста на ACE-2 рецепторот за кој се врзува протеинот S или Spike на коронавирусот. Од почетокот на пандемијата, десетици случаи се регистрирани кај мачки и кучиња, но и кај тигри, лавови, горила, леопарди, елени, и други животни, сите заразени од луѓе, дома, во зоолошки градини и во природата, каде што вирусот значително се проширил. Доволно е да се каже дека повеќе од 80 проценти од белоопашестите елени во Ајова или еленот од Вирџинија (Odocoileus virginianus) биле позитивни на САРС-КоВ-2.

Првиот случај на пренесување на ковид од мачка на човек е утврден во Сонгхла, јужен Тајланд. Инфекцијата настанала кога тим од тројца ветеринари ја посетил мачката, а двајцата мажи од тимот (татко и син на возраст од 64 и 32 години, од Бангкок) биле позитивни на ковид кој го пренеле на мачката. Подоцна мачката кивнала во лицето на една ветеринарка, 32-годишна девојка, која носела заштитни ракавици и маска, но не и визир за заштита на очите. Пет дена по несреќата, таа се појавила во нејзината универзитетска болница со треска, исцедок од носот и кашлица кој траела неколку дена. Со направен брис, таа била позитивна на САРС-КоВ-2. Ниту еден од членовите на семејството на ветеринарката не бил позитивен на вирусот. Единствениот „осомничен“ остана мачката. Тоа истражувачите и го докажале. Мачката го имала истиот тип на ковид вирус каков што имале и двајцата мажи (преносителите) – ветеринарите татко и син. Станува збор за конкретен сој од Бангкок, кој инаку е различен од оној што циркулира во областа Сонгхла, каде што се случила инфекцијата.

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....