11.8 C
Скопје
05:17 - 3 мај, 2024

За првпат Афроамериканка и лезбејка на чело на комуникациите во Белата куќа: Карин Жан Пјер носи силна политичка вредност

Промена на портпаролот во Белата куќа: Карин Жан-Пјер, прв пат на оваа позиција жена Афроамериканка и лезбејка.

Има четириесет и четири години, родена е во Мартиник и израсната во Квинс, со искуство во политиката, Жан-Пјер има долга историја на демократска ориентираност. Таа учествуваше во изборните кампањи на Барак Обама во 2008 и 2012 година, беше портпаролка на една од најважните грашански активистички организации MoveOn.org, сè додека не стана шеф на кабинетот на Камала Харис за време на претседателската кампања во 2020 година.

Карин Жан Пјер сега е назначена на врвот на комуникациите во Белата куќа, станувајќи главен портпарол на Џо Бајден.

Изборот изгледа „природен“, но во реалноста има силна политичка вредност. За прв пат, Афроамериканка, и отворено лезбејка, станува официјално лице на Белата куќа.

Жан-Пјер стапнува на сцената во особено деликатен момент за администрацијата на Бајден. Мора да се справувасо војната во Украина, но и со кризата предизвикана од веројатното укинување на правото на абортус на федерално ниво од страна на Врховниот суд, зголемувањето на цените и, конечно, изборите во ноември, кои ветуваат дека ќе бидат особено тешки.

Оценките за популарност на претседателот се зголемуваат, но остануваат прилично ниски (на 42 отсто, се вели во анкетата на Вашингтон пост/АБЦ од 1 мај). Пред се, се разговара за управувањето со економијата, покрај тешкотиите во спроведувањето на агендата со амбициозни ветувања – за имиграција, оружје, право на глас, абортус, студентски даноци – од кои ништо не стана реалност.

Затоа, Жан-Пјер ќе мора да управува со една бурна фаза, со задачи кои се меѓу најделикатните во една администрација. Прес секретарот на Белата куќа е лицето на администрацијата пред новинарите кои ја пренесуваат нејзината порака до американското јавно мислење и до светот. Во моменти на криза, за време на скандали и војни, портпаролот има задача секојдневно да ги ажурира позициите на Белата куќа, и да обезбеди препознатлив и добар имиџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karine Jean-Pierre (@k_jeanpierre)

Односите на портпаротот треба да бидат добри со медиумите, без никогаш да стануваат премногу блиски. Како портпаролка, секоја нејзина реченица мора да биде внимателна, одмерена и да биде способна да ги синтетизира и разјасни размислувањата на претседателот. Со еден збор, само со една непромислена изјава може да создаде ризик од политичка криза.

Сепак, силниот политички елемент не ја избегнува номинацијата на Жан-Пјер. Повторно, Бајден назначува Афроамериканка на одговорна позиција. Тоа се случи многу пати во овие месеци. Камала Харис стана потпретседателка, Кетанџи Браун Џексон беше назначена за судијка во Врховниот суд, Сузан Рајс стана претседавач со Советот за домашна политика, Линда Томас-Гринфилд – амбасадорка на САД во Обединетите нации, но други Афроамерикански зазедоа високи позиции . Станува збор за назначувања со кои Бајден ја препознава улогата на афроамериканското женски електорат во неговата претседателска победа. Избирачко тело кое претседателот се надева дека повторно ќе го мобилизира, со оглед на ноемвриските избори.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....