20.8 C
Скопје
12:41 - 19 октомври, 2026

ВИКТОРИЈА БЕКАМ го „украде“ вниманието на свадбата на Бруклин и Никол: Уникатен свилен тесен фустан – нејзина креација!

По свадбата на годината, на Бруклин Бекам и Никол Пелц, во центарот на вниманието е фустанот кој го носеше мајката на Бруклин, Викторија Бекам, за важниот настан.


Викторија Бекам не остана незабележана на свадбата на својот син, напротив. Таа го „украде“ вниманието со отмениот избор, уште штом се појави на тревникот пред луксузната вила, рака под рака со сопругот Дејвид – како да се штотуку венчани. Беше облечена во необичен слип свилен фуста.

Со оглед на тоа што не стои големо дизајнерско име зад фустанот, веќе се претпоставува дека креаторка е самата таа – денес дизајнерката Викторија Бекам и дека станува збор за модно парче од нејзината најнова колекција.

Модниот изглед пак, беше комплетиран со минималистички сребрени обетки и плик-чантичка со детали од слонова коска, додека косата ѝ беше повлечена наназад во нежна пунџа.

Веќе е доста кажано за изборот на фустанот на новата снаа: Никол Пелц не избра облека направена од Викторија Бекам, туку отиде во Рим во ателјето на Валентино по италијански фустан скроен по нарачка. Од првите објавени фотографии дознаваме дека станува збор за класична креација во стил на принцеза.

Викторија секако беше пооригинална, и во улога на „мајка на младоженецот“, но и на денот на нејзината свадба во 1999 година: се сеќавате ли на креацијата на Вера Ванг и на вториот виолетов фустан?!

Тридневна свадба, три фустани на Никол, двојна венчална церемонија…СИТЕ ДЕТАЛИ од свадбата на Бруклин Бекам и Никол Пелц

Слични објави

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо
Се вчитува....