10:17 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Јавност била пријатно изненадена кога се појавила снимката од прославата на 48-миот роденден на српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша.

Пејачката на свечената вечера ги собрала најблиските луѓе, меѓу нив и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, што никој не го очекувал, бидејќи двајцата беа во лоши односи до неодамна.

Душко седел до Јелена многу расположен и насмеан, додека точно на полноќ Јелена добила слатко изненадување и свеќички што ги дувнала во чест на својот роденден, а за што се погрижи нејзиниот поранешен сопруг.

Поранешниот фудбалер е во врска со Нора Миловановиќ во последните неколку месеци, меѓутоа, по овој настан следувал потег што не го пропуштиле корисниците на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kurir.rs (@kurir.rs)


Како што може да се види на профилите на Инстаграм, Нора повеќе не го следи Душко на оваа социјална мрежа. Со тоа, направен е уште еден потег што дополнително ги подгреа приказните за тоа што е всушност вистината за нивната врска.

Според приказната што се прошири во српските медиуми, Нора воопшто не била среќна што Тошиќ присуствувал на роденденската прослава на Карлеуша, па затоа раскинале, а некои тврдат дека причината е од поинаква природа.

Да потсетиме, судејќи според видеата што српски „Курир“ ги објави вчера, Јелена не ја криеше својата среќа и задоволство, како и фактот дека односите меѓу неа и Душко никогаш не биле подобри. На свечената вечера, Карлеуша блеснала во фустан од брендот „Пучи“, додека Тошиќ ги покажа своите извајани мускули во црна маичка со кратки ракави.

Во исто време, ќерките на Јелена и Душко, Атина и Ника Тошиќ, се подготвуваат за голема прослава на родендените. Атина слави полнолетство, додека нејзината помлада сестра Ника ќе полни 17 години истиот ден.

Јелена и Душко заедно ја организираат нивната роденденска забава, за која долго ќе се зборува, па затоа повторно ги спои.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....