12.8 C
Скопје
20:48 - 18 октомври, 2026

35 години „Косоока“: Дарио среде Куманово го запеа хитот кој не старее

Македонскиот пејач Дарио Панковски беше еден од музичарите кои настапија на концертот во Куманово, кој се одржа во рамките на одбележувањето, 35 години независна Македонија, „Силно светнал ден“. На една објава од вечерта, Дарио сподели дел од својот настап со хитот „Косоока“ и пораката: „35 години ‘Косоока’, 35 години Независна Македонија“, бидејќи годинава одбележува 35 години од своите безвременски хитови „Косоока“ и „Ладна како камен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARIO (@dariopankovski)

Во неодамнешно интервју за „Слободен печат“ раскажа дека случајно ги пронашол оригиналните, рачно напишани текстови на двете песни во својата богата архива, која ја собира уште од почетокот на кариерата.

„Чувството беше како во рок од една секунда да се вратив во 1991 година, во истото студио со истиот оној мирис на огромна младешка возбуда и еуфорија во создавањето нешто сосема ново“, рече Дарио.

Тој вели дека и по 35 години во себе го препознава истиот човек од времето кога настанале овие песни.

„Јас и денес го гледам потполно истиот Дарио од тогаш, со истите идеали, истата петарпановска енергија, истиот непоправлив ентузијазам, истиот пркос и истиот романтизам… само многу поискусен и нумерички повозрасен за 35 години“, изјави Дарио.

Дарио на музичкиот настан во Куманово се сретнал и со неговиот долгогодишен пријател и колега Игор Џамбазов, со кого сподели заедничка фотографијаа.

„Генерациско дуо. Доообро старо вино, квалитетна берба ’63-та“, напиша Дарио на фотографијата со Џамбазов, алудирајќи на тоа дека и двајцата се родени во 1963 година.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....