18 C
Скопје
02:00 - 20 јуни, 2026

(Видео) Патник закачил камера на куферот со која открил што сѐ се случува со багажот во авионите

Патникот Томас Милер, кој живее во Британија, открил што всушност се случува со вашиот багаж откако ќе го предадете преку обезбедувањето на аеродромот.

Видеото кое патникот го објави на ТикТок стана апсолутен хит со повеќе од 16,1 милиони прегледи, а Томас го сними откако ја стави камерата на куферот и пред да се пријави на аеродромот.

Гледачите можат да видат како неговиот куфер поминува низ подвижната лента, се врти неколку пати и потоа поминува покрај член на екипажот. Конечно, куферот се става до другиот багаж и е подготвен да се качи во авионот и да го однесат до дестинацијата.

„Дејли мејл“ пишува дека повеќе од 100.000 куфери секојдневно минуваат низ аеродромите.

„Alternative Airlines“, веб-страница која им помага на патниците да резервираат летови од каде било во светот, ја потврди точноста на снимката на Томас со детали за тоа што се случува откако ќе го чекирате вашиот багаж на аеродромот.

– По пријавувањето, вашиот куфер се става на подвижна лента. Во зависност од аеродромот од кој поаѓате, тој потоа ќе пристигне во канцеларијата за сортирање, каде што „роботите или персоналот“ ќе ги организираат во соодветниот авион. За време на патувањето, вашата торба ќе биде прегледана и на безбедносен контролен пункт, слично на процесот кога вашиот рачен багаж се скенира со рендген апарат за да се утврди дали има сомнителни предмети внатре.

@thomasmiller719 #foryou #foryoupageofficiall #foryoupage #fypシ゚viral ♬ Daylight – David Kushner


Багажот потоа се преместува во авионот и задача на агентите на рампата на аеродромот е да се погрижат вашата торба да се качи на вистинскиот авион. Откако ќе слетате на вашата дестинација, вашиот куфер ќе се истовари од авионот и ќе се префрли на терминалот, а потоа на транспортната лента за подигање на багажот, од каде што можете да ги подигнете – објаснија од „Alternative Airlines“.

– Не знам што очекував, но знам дека очекував повеќе. Сакав повеќе драма! Толку шокантно и откривачко! Ова мора да беше многу забавна авантура! – велат во коментарите под видеото на Томас, а некои корисници на TikTok дури се прашуваа дали е воопшто легално да се стави камера на торба и да се снима процесот на ракување со багажот.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....