07:03 - 29 ноември, 2026

(Видео) Луда прослава за раѓањето на синот на Милош Биковиќ: Гордиот татко лумпувал со пријателите

Актерот Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ добија син кој го именуваа Василије.

По тој повод, гордиот тато приреди прослава за своите пријатели, а до зори славеа голем број актери меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавета Орашанин и многу други.

Тие славеле, пееле и се забавувале, а гордиот татко Милош Биковиќ со маица на главата и виски во раката се препуштил на атмосферата.

Aктерот пред неколку дена гостувајќи во емисијата „Поп ток“ откри дека нема да се откаже од животот и дека со семејството ќе живее на релација Белград-Москва.

– Планирам да го малтретирам семејството со авион, ваму – таму. Мојот живот е мојот живот. Не можам да се откажам од некои работи што ги создавам цел живот, ќе гледам да ги оптимизирам и да фрлам уште една непозната во таа равенка. Отсега не можам да одам никаде, би полудел. На детето не му треба луд татко. Треба да најдеме рамнотежа – изјавил Биковиќ.

– За мене Ивана и семејството значат сидро. Тоа е некако противтежа на сета моја лудост – заврши Биковиќ.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....