03:56 - 9 ноември, 2026

(Видео) Цел интернет се смее: Мајмун го зграпчил српскиот актер за меѓуножјето!

Популарниот српски актер Лука Рацо, кој привлече големо внимание со улогата во серијата „Играта на судбината“, за Божиќ отпатувал за Тајланд.

Лука реши да замине на заслужен одмор, а овој пат се одлучи за егзотична дестинација позната по бројните атракции. Тие најмногу се поврзани со неверојатната природа на Тајланд, па таму можете да јавате слонови, да се дружите со мајмуни, но и да посетите прекрасни природни предели.

Актерот реши да се дружи со мајмуни, а видеото од слаткото мајмунче кое очигледно е навикнато да ги забавува туристите, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Во видеото мајмунот позирал со Лука на лулашка, го бакнувал во образот, а потоа се качил врз него, му легнал во скут и на крајот се провлекол меѓу неговите нозе и го фатил за меѓуножјето, а сето тоа актерот слатко го насмеало.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Raco (@luka_raco)


Тој веднаш го објави видеото и во описот додаде: „Мајмунска работа“, а потоа следеа низа шеговити коментари за однесувањето на мајмунот.

Инаку, Лука веќе престојуваше на Тајланд во 2018 година, а се чини дека оваа дестинација многу му се допаднала, па реши да се врати таму.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....