6.8 C
Скопје
03:44 - 27 април, 2024

ВИДЕО+ФОТО | „14 ГОДИНИ БЕЗ ТЕБЕ И ПАК ВРНЕ“: Весна, Каролина, Игор, Калиопи, Тамара, Елена… со емотивни објави за Тоше

Денес е 14-годишнина од трагичната смрт на нашиот Тоше. Денес, неговите пријатели, соработници, колеги и вечни обожаватели споделуваат емотивни пораки и фотографии во знак на непребол за прераното заминување. Зар може некој да те замени, Тоше?

Нашата актерка и водителка Весна Петрушевска на својот инстаграм – профил објави видео од едно телевизиско гостување на Тоше во нејзината емисија, на која Проески свири на клавир и изведува песна во дует со Бени Шаќири.

14 години без тебе и пак врне… Оваа песна ми е особено драга од милион наши причини …па како се договаравте да ја отпеете, многу сакав заедно нешто да направите….има толку приказни за секоја наша средба…детали, насмевки, тајни, горчини ..си ги чувам за себе така е најарно. Те сакам до небото и назад, стои во описот на објавата на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Нашата позната пејачка Карoлина со изведба на песната Илузија од Тоше свирејќи на пијано во нејзиниот дом му оддаде почит на овој тежок ден на својот колега.

Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години… Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени… Напишана од чичко Кире (Костов)… „Илузија“. За Тоше,  стои во описот на објавата на Гочева.


Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме…, стои во описот на фотографијата со Тоше која Игор Џамбазов ја објави на својот инстаграм -профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


И овој октомври нема боја откако замина ти засекогаш. Единствена боја се спомените во твојот боженствен глас кој го остави во своите песни, да не потсетиш дека ништо не поминува, зошто смртта сама по себе не е крај. Некако си тука, како никогаш да не замина, стои во описот на црно белата фотографија на која Калиопи го прегрнува Тоше, а на втората фотографија двајцата се сликани со нивни фан.

Тамара Тодевска во спомена на Тоше објави негова фотографија, проследена со поезија.

Еден човек – Гане Тодоровски.  Има еден има еден Многу многу многу човек – Белки цело човештво?! Чунки живо божество?!…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Елена Ристеска сподели фотографија на својот инстаграм – профил во спомен на Проески на која е фотографирана до слика – фотографија во големи димензии од нашата најголема ѕвезда.

Пејачките Антониа Гиговска и Лина Пејовска во негов спомен изведоа во живо песни преку инстаграм – стори, а Викториа Лоба ја сподели објавата за Тоше од Слободен печат.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....